Линкови за пристапност

И Азијатите загрижени за кризата во Грција


Greece GDP
Greece GDP

Последиците од финансиската криза на Грција може да бидат поголеми отколку се антиципирало, велат азиски стручњаци

Финасиската проценка на Голдман Сакс неделава е дека пазарите во подем ќе бидат „под лимитирано директно влијание“ од грчката неможност да го исплаќа заемот на кредиторите и нејзиниот излез од еврзоната. Азискиот капитал или задолженоста европските банки е само околу 5% од регионалниот бруто домашен производ. Најмала е изложеноста на Кина - само 3%, додека Малезија е има најголема изложеност на грчката криза – 18%. Азиските нации исто така имаат малку европски имот.

Енди Кси, независен финансиски аналитичар и поранешен економист од Светската банка, вели дека повеќето азиски нации се подготвени да се справат со умерена нестабилност на финансиските пазари.

„Имаат голем резерви на странските берзи. Ако се случи криза, нема многу да ги погоди“, вели Кси.

Но, азиските нации се се` уште зависни од меѓународен извоз. Според Голдман Сакс, извозот за Европа само од Кина и Индија е 25% од севкупниот извоз, и е 20% од здружениот брутодомашен производ. Во производствениот сектор, азиските држави продаваат 7% од високо-технолошки продукти на Европа, 5% текстил и 5% опрема за сообраќајот што ја произведуваат.

Ранливоста на Кина

На загриженоста на аналитичарите заради можниот излез од Грција од еврозоната, додава можното економско забавување на Кина. Неодамнешно и нагло опаѓање во кинеските берзи и извештаите за забавен развој индицираат дека втората по големина во светот економија има проблеми во развојот на домашниот пазар. „Ако транзицијата на Кина не оди мазно, економиите ќе бидат погодени. За повеќето азиски држави, Кина е најголем трговски партнер“, вели Кси.

Регионална загриженост

Во истовреме јужнокорејската економија се обидува да се опорави од падот на туризмот и ширењето на домашниот вирус оизнат како Блискиисточен респираторен синдром. Иако Јапонија неодамна бележи силен економски растеж, се`уште се опоравува од минатогодишната рецесија.

Голдман сакс очекува Грција да остане во еврозоната, дури и ако не може да ги исплаќа ратите кон меѓународните кредитори. Аналитичарите предвидуваат слабеење на единствената европска валута - еврото, како последица на кризатата, но тоа ќе води само до лимитиран пад, до 2%, на азискиот извоз.

Но значително намалување на европската економија може да ја стагнира глобалната трговија, ослабувајќи ја побарувачката за извоз што е клучот на азискиот растеж.

XS
SM
MD
LG