Линкови за пристапност

Потпретседателот Пенс на Самит на АСЕАН во Сингапур


Покренати прашања за состојбата со муслиманското малцинство во Мјанмар; кинеските амбиции во Јужното море

Додека лидерите на 10-те држави од Југоисточна Азија дискутираат за трговијата во Сингапур, американскиот потпретседател Мајк Пенс го држи фокусот да се одржат азиските води отворени и покрај кинеското проширување. Тој исто така побара помош за проверка на нуклеарните амбиции на Северна Кореја и изврши притисок врз Мјанмар за третманот на бегалците во Рохинга.

На годинешниот Самит на Асоцијацијата нации од Југоисточна Азија ( АСЕАН), шефовите на држави и влади ќе разговараат за бизнисот. Во разговорите ќе бидат вклучени - Индија, Русија и Кина.

Но, потпретседателот Пенс, тежиште на разговорите ќе го фокусира на геополитиката.

На средбата со лидерката на Мјанмар Анг Сан Су Чи, Пенс побара извештај за напредокот за гонење на армиски сили кои стојат зад убиствата на муслиманската популација Рохинга.

Претходно во средата, на индискиот премиер Наренда Моди му предочи дека азиските поморски вежби се доказ за нашата определба за обезбедување слободен и отворен пристап до сите води во регионот. И Индија и САД ја набљудуваат Кина во нивните армиски амбиции во југот.

На средба со Моди, американскиот потпретседател повика на поголема помош во односите со Северна Кореја.

Вашингтон и Пјонгјанг се подготвуваат за втор самит Ким – Трамп и покрај извештаите дека Северна Кореја можеби и натаму има сокриено 60 парчиња нуклеарен арсенал.

Пенс подоцна во текот денот треба да има средба со индонезискиот претседател Јоко Видоко.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG