Се соочуваме со длабока криза на недоверба кон институциите, особено во судството и обвинителството, зашто владеењето на правото е зависно од политиката. Таа взаемна поврзаност мора да се раскине и да се делува според законот, а не според повикот на поединци, нагласи пратеникот кој се наоѓа во посета на САД.
Според него, ветингот е неопходен, за проверка на интегритетот на сите лица со јавни функции. Убеден сум дека Македонија ги има надминато сите очекувања на Брисел и Вашингтон за добивање датум за почеток на преговори со ЕУ, коментира во интервјуто за Гласот на Америка, пратеникот во Собранието на Северна Македонија и претседателот на собраниската комисија за европски прашања, Артан Груби.
Facebook Forum