Поранешниот гувернер на Калифорнија Арнолд Шварценегер и неговата сопруга Марија Шрајвер соопштија дека се разделуваат по 25 години брак.
Во заедничкото соопштение од понеделникот стои дека одлуката уследила во време на „голема лична и професионална транзиција за секој од нив“.
Шварценегер ја напушти функцијата во јануари по седум години како гувернер на Калифорнија. Пред да влезе во политика, имаше долга и успешна кариера како актер во холивудски акциони филмови.
Шрајвер е поранешна телевизиска новинарка и дел од познатото политичко семејство Кенеди, во кое спаѓаат починатиот претседател Џон Ф. Кенеди и неговите браќа, сенаторите Роберт и Едвард.
Шивер одигра голема улога во успешната кампања на нејзиниот сопруг против тогашниот гувернер Греј Дејвис во 2003-та, кога таа го бранеше Шварценегер против новинските извештаи во кои се тврдеше дека тој непристојно се однесувал со жени..
Двојката има четири деца на возраст меѓу 14 и 21 година.