Линкови за пристапност

104 години од геноцидот врз Ерменците од Отоманските Турци


Историчарите проценуваат дека над 1, 5 милиони Ерменци биле убиени во периодот околу Првата светска војна, но Турција ги негира злосторствата како геноцид, истакнувајќи дека убиените се жртви за време на граѓанска војна.

Во Истанбул, Турција, десетици лица се собраа да ја одбележат 104-та годишнина од масовното убиство на Ерменци од страна на Отоманските Турци.

На 24-ти април, 2015-та, се означува почеток на ерата на масакри во Првата светска војна, што многумина го окарактеризираа како прв геноцид во 20-от век.

Историчарите проценуваат дека над 1, 5 милиони Ерменци биле убиени во периодот околу Првата светска војна, но Турција ги негира злосторствата како геноцид, истакнувајќи дека убиените се жртви за време на граѓанска војна.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги предизвика нациите коишто ги окарактеризираа масовните убиства врз Ерменците како геноцид да ги проверат фактите во архивата за Отоманската империја, истакнувајќи дека „Турција нема што да крие“.

Ердоган рече дека земјите коишто ја обвинија Турција за геноцид треба да се завртат кон „сопственото крваво минато“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG