Компанијата Епл ги претстави новините кај новите Ај-фон и Епл Воч, но и развојот на новите процесори за компјутерите Мек, објави магазинот Бизнис инсајдер.
Од празниот аудиториум “Стив Џобс“ на кампусот на Епл, извршните директори на компанијата Том Кук и Грег Федерхи, ги објаснија деталите од следната генерација на Ај-Фон, Епл Воч, но и Мек, како и другите главни производи.
Епл, вообичаено е домаќин на илјадници технолошки дизајнери во Центарот за конвенции, во Сан Хозе.
Според „Бизнис инсајдер“, меѓу најголемите новини од Епл е претставувањето на новиот софтвер iOS 14. Паралелно, со новиот софтверски систем, гигантот Епл претстави и нов скрин (екран) за мобилните телефони, кој е поедноставен за пребарување информации истовремено, ѝ им овозможува на корисниците да користат одредени конфигурации од апликации, без да ги отворат апликациите.
Детали, и анализа за новините кај Ај-Фон:
Епл исто така најави усовршување на Апл воч, со што воведува опција за следење на ноќниот сон за прв пат, компонента што претходно ја имаше само конкурентниот Фит-Бит.
И досега веројатно најголем исчекор на Епл е што компанијата најави дека ќе развива сопствени модели, наместо да ги користи досегашните Интел чипови.
Facebook Forum