Линкови за пристапност

Владата го обвини Епл дека местел цени на електронските книги


Ги тужи и издавачите Мекмилан и Пенгвин паблишинг.

Американската влада ги обвини технолошкиот гигант Епл и издавачите Мекмилан и Пенгвин паблишинг дека местеле цени на електронски книги, што купувачите вкупно ги чинело милиони долари.

Владата истовремено постигна спогодба со издавачите Хачет, ХарперКолинс и Сајмон енд Шустер, кои исто така беа предмет на долготрајната истрага.

Американскиот главен обвинител Ерик Холдер на прес-конференција во Вашингтон изјави дека целта на тужбата е електронските книги да чинат што е можно подостапно. Владата тврди дека купувачите платиле милиони повеќе отколку што требало за да ги читаат книгите на Ај-пед компјутерите на Епл.

Спорот околу цената на компјутерските книги потекнува од доминацијата на продавачот Амазон на американскиот пазар, кој нудеше електронски бестселери по цена од 9,99 долари. САД тврдат дека кога Епл го претстави популарниот Ај-пед пред две години, компанијата незаконски се договорила со издавачите да ги зголемат цените и таа да добива 30% провизија од секоја продадена електронска книга. Тоа, според Одделот за одбрана, ја накачило цената по книга за 2 до 3 долари.

XS
SM
MD
LG