Линкови за пристапност

Епл го надмина Ексон


Епл го надмина Ексон
Епл го надмина Ексон

Смена на врвот на берзите

За прв пат американскиот информатички гигант Епл се најде на првото место на пазарот на берзи по завршувањето на тргувањето во средата навечер.

Неколку години по ред, компанијата Ексон Мобил беше на врвот. Синоќа Ексон беше проценет на 330 милијарди долари, а Епл нешто повеќе од 337 милијарди долари.

Епл произведува Ај-фон, Ај-Пед и компјутери Мекинтош.

Финансиските аналитичари сметаат дека вредноста на двете компании најверојатно ќе продолжи да флуктуира, веројатно во корист на Ексон, затоа што вредноста на нафтата ќе продолжи да расте и да паѓа на светските пазари.

XS
SM
MD
LG