Линкови за пристапност

Лекување воспалено слепо црево без операција


Медицински тим во Финска открил начин за справување со воспалениот апендикс со антибиотици

Тоа е вистински кошмар – неиздржлива остра странична болка и итно одење во болница што завршува со операција за апендиксот (слепо црево).

Но, според ново истражување од Финска, може и ќе нема потреба од операција, а воспалениот апендикс ќе може да се лекува со антибиотици.

Студијата е објавена во новиот билтен на Американската здравствена асоцијација, под наслов „Нова ера во третманот на апендиксот“.

Испитувањата се извршени врз 500 пациенти, при што половина од нив се третирани со антибиотици, а врз другата половина е извршена операција.

Преку следење на нивната состојба со компјутерска томографија било утврдено дека шеесет и четири отсто од пациентите што биле третирани со антибиотици закрепнале успешно, без да има потреба од хируршка интервенција.

Воспалението на слепото црево генерално бара итна операција, зашто може да го инфицира целото тело и да доведе до фатални последици.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG