Линкови за пристапност

Ангеловска-Бежоска: „Признанието од „Централ бенкинг“ е лично задоволство, но и за колегите од Народната банка


Ангеловска-Бежоска: „Признанието од „Централ бенкинг“ е лично задоволство, но и за колегите
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:54 0:00

„Централ бенкинг“ ја издвои меѓу трите гувернерки од светот, коишто успешно се справуваат со актуелната криза, поврзана со Ковид-19.

Нефункционалните кредити се сведоа на историски најниско ниво, додека депозитите продолжија да растат. Ова се едни од заслугите поради што „Централ бенкинг“ ја издвои меѓу трите гувернерки од светот, коишто успешно се справуваат со актуелната криза, поврзана со Ковид-19.

Анита Ангеловска-Бежоска, вели, дека е признание, но и личен предизвик.

„Огромно задоволство за мене, и за моите колеги, затоа што Народната Банка, не е еден човек, таа е институција. Заедно успеваме успешно да се справиме со невидени предизвици со кои се справуваат речиси сите Централни банки во светот. Во таква тешка ситуација, успеавме да за одржиме стабилност на курсот, ценовната стабилност и сето тоа да гарантира макроекономска стабилност, изјави Анита Ангеловска-Бежоска, гувернерка.

Водечкиот глобален информативен сервис за централно банкарство и финансии, „Централ бенкинг “, од седумнаесет гувернерки во светот издвои три, кои ѝ покрај големите предизвици со коишто се соочуваат, успешно се справуваат со кризата, преку – одржување на ценовната стабилност, стабилноста на курсот на домашната валута и финансиската стабилност. Една од нив, е гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска.

„Ние, како и останатите Централни Банки презедовме голем број на монетарни мерки. Продолживме со релаксирана монетарна политика, што е јасно видливо преку натамошно намалување на основаната каматна стапка на Централната банка, истата ја сведовме на историско најниско ниво. Вбризгавме дополнителна ликвидност во системот, и покрај тоа што нашиот банкарски систем традиционално се одликува со високо ниво на ликвидност. Дополнително на сево ова направивме измени во регулативата со цел да ги стимулираме Банките привремено да ги одложат обврските за плаќање кредити од страна на компаниите и граѓаните, изјави гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска.

Глас на Америка: Неодамна, беше одбележана 29-годишнината од монетарното осамостојување на Македонија. Денарот претставува еден од клучните столбови на стабилноста на македонската економија, и натаму, зарем не?


Ангеловска-Бежоска: „Да, дефинитивно, не треба да има дилема. Нашето искуство покажува дека стабилноста на денарот е клучното сидро на целокупната стабилност во нашата економија, дека оваа монетарна стратегија е најсоодветна, значи, нема посоодветна монетарна стратегија“

„Ако нема, тогаш неопходно е соодветно ниво на девизни резерви. Да продолжиме да ги градиме за да можеме понатаму да ја одржуваме оваа клучна макроекономска стабилност“, вели Ангеловска-Бежоска.

За оваа година е проектиран раст од 3,9 проценти на македонската економија, и закрепнувањето ќе се одвива постепено. Ќе биде потребно време Македонија да се врати на патеката пред кризата со пандемијата, а тоа би се случило дури во 2022-ра, најави Ангеловска-Бежоска во интервјуто за Гласот на Америка.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG