Германската канцеларка Ангела Меркел се повлекува по 18 години како претседателка на десно-центристичката Христијанско - демократска унија (ЦДУ).
Во обраќањето за заминувањето од функцијата на Конгресот на ЦДУ во Хамбург, Меркел им се заблагодари на персоналот и партијата истакнувајќи дека „се работи за сите членови на партијата, а не за поединец“.
Меркел ги потсети партиските членови дека искуството покажало „колку сила и моментум развиваме кога се соочуваме со тешкотиии“
Таа во октомври најави дека нема да се кандидира за ре-избор како лидерка на партијата, но планира да остане да ја извршува, функцијата канцеларка до завршувањето на мандатот во 2021-ва.
За време на двочасовниот говор, таа беше испратена со стоечки овации. Симпатизерите носеа написи со - „Благодарам“.
Меркел се повлекува откако неколку анкети покажаа пад на популарноста поради нејзината либерална политика кон бегалците.
Двајца главни кандидати за лидерската позиција во ЦДУ се генералниот секретар на партијата Анегрет Крамп-Каренбауер (56 години) и корпорацискиот адвокат Фридрих Мерц (63 години ).
Facebook Forum