Заменикот министер за надворешни работи на Македонија Андреј Жерновски е во Вашингтон на Министерскиот форум за напредок на верските слободи во Стејт департманот, прв од ваков карактер во светот, каде домаќин е државниот секретар Мајк Помпео.
Беше гостин во Гласот на Америка и говореше за предизвиците. Смета дека поканата за НАТО ќе ги охрабри граѓаните да излезат на референдум. Според Жерновски, Македонија, нема алтернатива за ЕУ и НАТО и очекува граѓаните да го препознаат историскиот момент и референдумот да биде успешен.
Facebook Forum