Линкови за пристапност

Што е најголема загриженост кај Американците?


Нови анкети на Галуп и Пју

Американците велат дека владата е најголем проблем со кои се соочува нацијата, се вели во најново истражување на јавното мислење.

Според Галуп, 20 проценти од испитаниците рекле дека „некои аспекти од федералната влада или избраните лидери“, се главен предизвик.

Само еден од пет Американци веруваат дека владата не е проблем, и има благ пад на таа бројка од април до мај, кога 23 и 22 отсто рекле дека владата е најголем проблем за САД.

Незадоволството со владата и натаму е на врвот од проблемите веќе 17 месеци последователно, објави Галуп.

Истражувањето на Галуп е на иста линија со Истражувачкиот центар Пју, кој пренесе дека довербата на Американците во владата има постојан пад од 2001-ва, само еден месец по терористичките напади на 11-ти септември 2001-та.

Прашањето со расните предизвици на нацијата претставува зголемување на загриженоста од 7 за 8 отсто Американци.

Истражувањата на Галуп се спротивни од Блумберг, кој ги направи анкетите, само пред една година.

Во тие анкети, 35 проценти од Американците нагласија дека прашањето со реформите во системот за здравствена заштита е најважно прашање за нацијата. Невработеноста се најде на второ место со 13 отсто, а тероризмот на трето, со 11 проценти.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG