Линкови за пристапност

Дали има спас за американските пошти?


Дали има спас за американските пошти?
Дали има спас за американските пошти?

Во големи долгови, оваа историска институција пропаѓа; Конгресот најавува помош, но неизвесноста останува

Поштенската служба која Американците ја знаат со генерации губи милијарди долари годишно, откако рачно напишаната комуникација веќе исчезнува и е заменета со елекронска пошта, со текст – пораки и новите мрежи за социјализирање. Плаќањето сметки и другите комерцијални трансакции се` повеќе се изведуваат преку Интернет.

Со напредокот на технологијата, поштите се ставени во тешка финансиска ситуација. Нивниот директор Патрик Данаху неодамна сведочеше пред Сенатската комисија за домашна безбедност и комисијата за владини прашања.

„Поштата е на раб на пропаст. Без акција за сеопфатна легислатива до 30-ти септември, нема да можеме да исплатиме бенефиции за здравствено осигурување за пензинираните работници. Ситуацијата е ургентна“, изјави првиот поштар.

Службата бара дозвола од Конгресот за намалување на трошоците и услугите, елиминација на стотици илјади работни места, промени во програмите за здравствено осигурување и пензиските фондови, како и ставање крај на достава на пошта во саботите.

Патрик Данаху вели дека поштите имаат потреба од радикални промени и дека ситацијата е ваква поради ограниченоста на бизнис моделот од минатото. Се работи за ентитет што се самофинансира, а профитот зависи од продажбата на поштенски марки.

XS
SM
MD
LG