Линкови за пристапност

Аманда Бенет: За Гласот на Америка, слободата на печатот е важна!


Интервју со директорката на Гласот на Америка Аманда Бенет по повод Светскиот ден на слободата на печатот
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:41 0:00

Интервју со директорката на Гласот на Америка Аманда Бенет по повод Светскиот ден на слободата на печатот

Директорката на Гласот на Америка говори за тоа како да се заштити јавноста, но и новинарите од лажните вести? Каква заштита има Гласот на Америка од влијанието на официјални лица од американската влада кои сакаат да влијаат врз содржините?

Директорката на Гласот на Америка, Аманда Бенет по повод 3-ти мај, Светски ден на слобода на печатот сe осврна на независноста на глобалниот, мултимедијален медиум - од било какви влијанија од извршната влада во САД за содржината на информации.

„Нашата мисија е да произведеме нецензурирано, базирано на факти, точно и проверено новинарство. Имаме силни закони коишто не одвојуваат од Владата, коишто не штитат од влијание од виши официјални лица. Во Гласот на Америка, сите го знаеме тоа“, изјави Бенет.

Запрашана за улогата на лажните вести во денешното новинарство и како консументите на информации да се справат со овој тренд, Бенет вели:

„Не ми се допаѓа терминот лажни вести. Нешто што е лажно, значи не е вест. Ние, во Гласот на Америка имаме доверба во веродостојноста на информациите, и над 65% од испитаниците гледаат на нас, како проверен извор на информации. Веројатно сме на исто ниво со Би-Би-Си“, вели таа.

Зошто е важно да прикаже приказната за Америка до поширокиот аудиториум во светот, една од главните заложби на директорката -

„Да се раскаже приказната за Америка не е само да се информира за надворешната политика на владата. Сите приказни не се наоѓаат само во Вашингтон, ги има и во други делови од САД. Слушателите, гледачите, читателите сакаат да знаат за технологијата во САД, за развојот на Силиконската долина, за образовниот систем, за музичките и бизнис трендови. Сето, е дел од од Америка“, вели таа.

Додава дека во светот и натаму има земји каде е опасно да си новинар, но за моќта на професијата, вели:

„На нашите репортери ширум светот им кажуваме дека секоја приказна е важна, но ништо не е поважно од вашиот живот. Новинарите преземаат голем ризик при извршување на своите обврски“, констатира Бенет.

За една од нејзините заложби, како прв човек на Гласот на Америка, Бенет вели:

За Гласот на Америка императив е слободата на печатот. Само 13 проценти луѓе живеат во земји каде владее целосна слобода на медиумите. Во Гласот на Америка има новинари кои и самите биле жртви при извршување на своите обврски. Ние, во Гласот на Америка, ја знаеме, вистинската вредност на слободата на медиумите. И затоа, треба да му ја кажеме на светот“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG