Линкови за пристапност

Истражување: Умерено консумирање алкохол можеби е корисно по здравјето на срцето


Повеќе од 18.000 луѓе на возраст над 70 години во САД и Австралија зедоа учество во истражувањето. Ова е прво истражување за импликациите од пиењето алкохол врз здравјето на срцето.

Истражувачите од Универзитетот Монаш во Австралија пронашле дека умереното пиење алкохол е поврзано со намалување на ризикот од кардиоваскуларни заболувања и ги намалува причините за смрт, споредено со целосна апстиненција од алкохолот.

Повеќе од 18.000 луѓе на возраст над 70 години во САД и Австралија зедоа учество во истражувањето. Ова е прво истражување за импликациите од пиењето алкохол врз здравјето на срцето.

„Пет до десет алкохолни пијалаци неделно, е поврзано со намалување на кардиоваскуларното заболување“, изјави Робин Вудс од Школата за превентивна медицина при Универзитетот Монаш.

Истражувачите предупредуваат дека најновите наоди треба да се прифатат со резерва затоа што учесниците во истражувањето биле здрави и без претходни срцеви и други заболувања. Исто така тие биле физички и социјално поактивни.

Меѓутоа, колку точно умереното консумирање алкохол може да го намали ризикот од кардиоваскуларно заболувања и други причини за смрт, е непознато.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG