Полицијата во Албанија користи беспилотни летала во Тирана и другите градови за да ги зајакне стриктните прописи за карантин со цел спречување на КОВИД-19.
Полицијата користи дронови на улиците во Тирана, каде на граѓаните, не им е дозволено без претходно овластување. Ако беспилотното летало регистрира минувачи, со снимена порака им предочува дека полицијата ќе пристигне на локацијата и оти треба да се почитува мерката за социјално дистанцирање.
Прекршителите на прописите за социјално дистанцирање може да бидат казнети.