Програмата на ОН за заштита на животната средина објави дека околу седум милиони луѓе глобално умираат предвремено од болести поврзани со загадувањето на воздухот. Две-третини од смртните случаи се случуваат во азиско-пацифичкиот регион.
Извештајот со наслов: „Загадувањето на воздухот во Азија и во Пацификот“ пронајде дека под осум проценти од жителите во регионот дишат чист воздух. Другите 92 проценти, или 4 милијарди луѓе, се изложени на високо ниво на загадување во воздухот што претставува значителен ризик по здравјето.
Авторите велат дека 25 мерки кои што ги лоцирале за намалувањето на загадувањето на воздухот може да ја намалат бројката на предвремена смрт во регионот за една третина до 2030-та и да помогнат да се избегнат два милиони случаи на предвремена смрт од надворешно загадување.
Јохан Кијленстиерна, директор за креирање политика при Институтот за заштита на животната средина во Стокхолм, вели дека некои од мерките вклучуваат конвенционална контрола на емисијата во атмосферата како зголемени стандарди против емисијата на издувни гасови од автомобилите.
Извештајот наведува дека од имплементирањето на мерките корист ќе има и Планетата. Понатаму се вели дека подобрувањето на квалитетот на воздухот ќе спречи затоплување на атмосферата за третина од еден степен до 2050. Намалувањето на нивото на озонот во почвата ќе ја зголеми безбедноста за 45 проценти од насадите од пченка, ориз, соја и житарки.
Авторите на студијата предупредуваат дека мерките за почист воздух не важат подеднакво за секој дел од Азиско-пацифичкиот регион. Поради разноликоста на регионот, тие велат дека мерките треба да се прилагодуваат кон националните услови на секоја земја, поединечно.
Facebook Forum