Линкови за пристапност

Експертска група ја советува владата да одобри лек против СИДА


Би бил првиот за кој се покажало дека може да го спречи вирусот ХИВ.

Експертска работна група во САД предложи американските власти да го одобрат лек што би бил првиот досега за кој се покажало дека може да го спречи вирусот ХИВ, предизвикувачот на СИДА-та.

Групата ја советува владината Управа за храна и лекови за средството Трувада што се зема еднаш дневно и веќе се препишува на повеќето пациенти заразени со ХИВ. Управата сега мора да одлучи дали да го одобри лекот и како превентивен третман за здрави лица кои се со зголемен ризик да заболат од СИДА. Таа не е обврзана да го прифати предлогот на експертската група, иако вообичаено го прави тоа. Владината агенција треба да донесе одлука до 15-ти јуни.

Некои лекари тврдат дека Трувада е чекор напред кон целта да стави крај на епидемијата на СИДА. Други, пак, стравуваат дека лекот ќе создаде погрешно чувство на сигурност и ќе доведе до намалена употреба на кондоми, најефикасната заштита од вирусот ХИВ.

Истражувањата покажуваат дека доколку се зема како што е препишан, Трувада е 90% ефикасен во превенцијата на инфекцијата со ХИВ, но само 44% кога се зема нередовно. Некои наведуваат дека проблем е и цената на лекот што во моментов изнесува околу 14.000 долари за годишна употреба.

XS
SM
MD
LG