Линкови за пристапност

ОН: Коронавирусот е закана за прогресот на Африка


Холандија на 1-ви јуни ги отвара бизнисите

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш повика на глобална солидарност со Африка како основен дел за сузбивање на пандемијата со коронавирусот, оценувајќи дека е потребна меѓународна акција за јакнење на системи за здравствена заштита и снабдување со храна за да се избегне финансиска криза.

Гутереш ги поздрави брзите мерки на африканските држави за воведување на карантинот и затворањето на границите, и ја потенцираше регионалната соработка во борбата против вирусот.

„Пандемијата е закана за африканскиот напредок. Ќе ја продолжи долгорочната нееднаквост, недостигот со храна и ранливост на болести. Барањата за туризам во Африка опаѓаат, а милиони луѓе може да западнат во екстремна сиромашија“.
Антонио Гутереш


„Но, пандемијата е закана за африканскиот напредок. Ќе ја продолжи долгорочната нееднаквост, недостигот со храна и ранливост на болести. Барањата за туризам во Африка опаѓаат, а милиони луѓе може да западнат во екстремна сиромашија, предупреди ген-секот на ОН.

Центарот за контрола и превенција на болести во Африка објави дека од Ковид-19 досега починале повеќе од 2800 луѓе. Најголем број на потврдени случаи има во Јужна Африка, Египет, Алжир, Мароко и Нигерија.

Во другите делови од светот, Холандија од 1-ви јуни ги олеснува рестриктивните мерки. Во оваа европска земја се отвораат барови, ресторани, кина, концертни хали. Премиерот Марк Руте ги повика граѓаните да ги почитуваат мерките за социјално дистанцирање во време кога бизнисите ги отвораат вратите.

Досега во светот има повеќе од 4,9 милиони потврдени случаи, и 323.000 починати од коронавирус.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG