Во изминатите години повеќе од 3300 македонски мировници, од кои речиси 200 жени, беа дел од операциите во Авганистан. Земјава стана дел од мировните контингенти само една година по завршувањето на конфликтот во 2001.
Контингентите за кои зборуваме, можеби се чинат мали во однос на вкупната бројка на ангажирани сили која во некои периоди во Авганистан изнесуваше и над 150.000, но, се големи во релативна смисла имајќи предвид дека еден период Северна Македонија беше четврта според големината на придонесот во однос на бројот на нејзиното население.Пендаровски, претседател на Северна Македонија
„Контингентите за кои зборуваме, можеби се чинат мали во однос на вкупната бројка на ангажирани сили која во некои периоди во Авганистан изнесуваше и над 150.000, но, се големи во релативна смисла имајќи предвид дека еден период Северна Македонија беше четврта според големината на придонесот во однос на бројот на нејзиното население. А, бројката од повеќе од 3300 припадници изнесува скоро половина од вкупната бројност на нашата армија.“, изјави Стево Пендаровски, претседател на Северна Македонија.
Македонските контингенти беа дел од НАТО мисиите ИСАФ и „Одлучна поддршка – во која соработуваа со силите на САД, Турција, Германија, Норвешка... Учеството во овие операции беше подготовка за членството во НАТО кое финишираше во 2020-тата.
Нашето денешно членство во НАТО е заслуга на сите над 500 армиски припадници во мисијата „Одлучна поддршка“ и над три илјади во мисијата „ИСАФ“ што започна во 2002 година. Вие бевте не само влезница за сите нас да можеме да ја претставиме државата во НАТО, вие бевте влезницата на Северна Македонија да пристапи кон најмоќната воено политичка алијанса.Шекеринска, министерка за одбрана
„Нашето денешно членство во НАТО е заслуга на сите над 500 армиски припадници во мисијата „Одлучна поддршка“ и над три илјади во мисијата „ИСАФ“ што започна во 2002 година. Вие бевте не само влезница за сите нас да можеме да ја претставиме државата во НАТО, вие бевте влезницата на Северна Македонија да пристапи кон најмоќната воено политичка алијанса. Покрај сите политички напори, вашата жртва, одговорност, ризик, работа, беа тие кои не претставија во најдобро светло.“, изјави Радмила Шекеринска, министерка за одбрана.
Во овие 19 години македонските војници служеа во Кабул, беа обезбедување на главната команда, на штабните офицери во командата Север, како и на медицинските лица од норвешката Роуд болница. САД и НАТО оваа година донесоа одлука за повлекување на силите од Авганистан – процес што треба да заврши заклучно со септември 2021.
Facebook Forum