Линкови за пристапност

Карзаи го покани Талибан на директни разговори


Карзаи го покани Талибан на директни разговори
Карзаи го покани Талибан на директни разговори

Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи го покани талибанското раководство на директни разговори со неговата влада, со барање од Пакистан да ги „поддржи и овозможи“ преговорите со крајна цел ставање крај на еднодецениската војна.

Во соопштение објавено во вторникот, Карзаи истакна дека ги поканува талибанските лидери со цел „реализирање на целите на мировниот процес.“

Авганистанскиот претседател изјави и дека пакистанската поддршка на мировниот процес ќе биде „клучна за тој да успее“ и „значителна за безбедноста и стабилноста на Авганистан и целиот регион.“

Коментарот на Карзаи уследи по неговата посета на Пакистан кон крајот на минатата недела на трилатерална средба со неговите пакистански и ирански колеги.

За време на самитот пакистанските претставници го предупредиле претседателот Карзаи дека има нереални очекувања да ги донесе авганистанските талибанци на преговарачката маса.

XS
SM
MD
LG