Линкови за пристапност

Авганистанската влада се соочува со „егзистенцијална криза“


И покрај серијата на изјави со претпазлив оптимизам од виши американски и авганистански лидери, новиот извештај од Специјалниот инспектор за обнова на Авганистан (СИГАР), ја опиша состојбата на теренот на лабилна

Авганистанската влада во Кабул се бори да опстои и може наскоро да падне, и Талебан да ја преземе власта откако САД ќе го комплетираат военото повлекувањето во август, според американска невладина група која ги надгледува настаните на теренот.

И покрај серијата на изјави со претпазлив оптимизам од виши американски и авганистански лидери, новиот извештај од Специјалниот инспектор за обнова на Авганистан (СИГАР), ја опиша состојбата на теренот на лабилна и пренесе ехо на загриженост дека авганистанските безбедносни сили не се подготвени за било каков значен отпор.

„Севкупниот тренд не оди во корист на авганистанската влада, која може да се соочи со егзистенционална криза ако нема менување на курсот на теренот“, посочи инспекторот Џон Сопко.

Дури и кога американскиот претседател Џо Бајден најави дека американските воени сили ќе заминат од Авганистан, виши американски лица беа внимателни да не ги минимизираат предизвиците со кои се соочува авганистанската влада.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG