Британската ритам и блуз пејачка Адел замина со шест статутеки Греми на синоќешното 54-то по ред доделување престижните музички награди. Нејзиниот „21“ е албум на годината.
На гала-настанот во Лос Анџелес, на кој се славеше и животот на викендов починатата дива Витни Хјустон, настапија неколку музички легенди како Бич Бојс, Тони Бенет и Пол Мекартни.
Раперите Џеј-Зи и Канје Вест добија Греми за најдобра рап- изведба на нумерата Отис.