Линкови за пристапност

Музичката индустрија и проблемите на зависност


Смртта на популарни забавувачи предизвикана од дрога и алкохол направи оваа индустрија да бара решение.

Шокантните приказни за прерано прекинати животи заради злоупотреба на дрога и алкохо не се ништо ново. Кокаинот го однесе животот на легендарната пејачка Витни Хјустон. Кралот на поп музиката Мајкл Џексон почина во 2009-та, откако неговиот личен лекар му ставил смртоносна доза од седативот пропофол. Британската пејачка Еми Вајнхаус се бореше со зависност од алкохол и дрога и почина минатата година од труење со алкохол.

Експертите велат дека злоупотребата на дрога и алкохол е проблем на популацијата воопшто. Но, познатите личности се најподложни на овие зла заради честите патувања и постојаниот интерес од нивните обожуватели за нивна присустност на музичката сцена или филмската индустрија.

„Има многу време кога не се работи, многу се патува, периоди на досада, време кога многу се седи ...“, вели Боб Форест, музичар и поранешен зависник од дрога. Во моментов тој работи како советник за негативните последици од употреба на дрогата.

Злоупотребата на дрога и алкохол е особено ризична за славните. Експертите велат дека додека некои стануваат свесни за проблемот, други го игнорираат.

Психијатарот Чарлс Софи објаснува дека многу од нејзините пациенти – познати личности се практично во заблуда.

Некои сметаат дека не е до нив, дека не користат многу или дека лекарот ги препишува. Ваквото однесување може да ја попречи ефикасноста на третманот за да се излечат, вели Софи.

Тој додава дека успешните уметници се креативни и мотивирани, а кај некои емоционалните проблеми се посилни што води кон зависност од дрога и алкохол и тоа треба да се спречи.

„На пример, се поставува прашањето – дали тоа е резултат на прекумерна загриженост, дали има проблеми со менување на расположението, со концентрацијата“.

Некои млади музичари пак велат дека употребата на дрогата е дел да се биде креативен, вели Били Морисон, гитарист и поранешен зависник од дрога.

Тој смета дека индустријата сега е помалку толерантна за проблемот споредено со пред неколку години.

Харолд Овенс е директор на програма за помош на музичарите. Тој вели дека индустријата успева да се справи со проблемот. Многу повеќе менаџери, агенти на уметниците, се мошне загрижени за нивните клиенти. Бараат совети.

Клучот е, вели тој, во раната интервенција, ефикасен третман и систем на поддршка. Дури и во таков случај, опоравувањето е долг и тежок процес.

XS
SM
MD
LG