Линкови за пристапност

Светот им оддаде почит на загинатите во нападите пред 10 години


Светот им оддаде почит на загинатите во нападите пред 10 години
Светот им оддаде почит на загинатите во нападите пред 10 години

Жалење за жртвите и повик за отфрлање на насилството – беше реакцијата на светот

Светските лидери и илјадници граѓани им оддадоа почит на жртвите од терористичките напади во Њујорк и Вашингтон на 11-ти септември 2001-та година.

Во Италија, Папата Бенедикт оддржа миса на која се помоли за околу 3.000 загинати и нивните семејства. Водачот на Римокатоличката црква ги повика сите да го „отфрлат насилството“ како начин за решавање на меѓусебните разлики и тоа да го заменат со фокус на принципите на солидарност, правда и мир.

Во Нов Зеланд, членовите на американскиот рагби тим пред мечот со Ирска, учествуваа во емоционалната служба за одбележување на трагичниот настан.

Американските трупи во Авганистан исто така им оддадоа почит на жртвите од 11-ти септември со пригодни говори за деценијата во војна.

XS
SM
MD
LG