Линкови за пристапност

Очила со перспектива 360 степени


Без користење на раце, очилата може да снимаат додека се движите

Замислете си да ставиле очила и веднаш да имате можност да снимате видео во 360 степени, без користење на рацете, независно што правите во моментот. Тоа наскоро ќе биде реалност со очилата на Оби, компанија со седиште во Беркли, Калифорнија.

Очилата имаат вградена камера со четири леќи. Две напред, две позади. Резултатот е 4К резолуција. Очилата овозможуваат видеото да е снимено од перспектива на корисникот.

Снимениот видео-материјал може да се споделува моментално и е зачувано на СД картичка.

Очилата се водоотпорни, и чинат 399 долари. Може да се нарачуваат од август.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG