Денеска во Министерството за надворешни работи беше презентирана изложба по повод 8-ми, Септември која ги содржи сите клучни моменти од надворешната политика на земјава во изминатите три децении.
Стигнаа видео-честитки од десетина министри, шефови на европски дипломатии и на држави од соседството.
„Драги пријатели, честитајќи ви ја уште еднаш оваа важна годишнина би сакал да ја изразам мојата увереност дека постојните пријателски односи ќе продолжат да се развиваат.“, изјави Гордан Грлиќ Радман, министер за надворешни работи на Хрватска.
„Чест ми е да ви се обратам по повод 30 годишнина на независноста на Република Северна Македонија...“, изјави Ѓорѓе Радуловиќ, министер за надворешни работи на Црна Гора.
„Мило ми е што Северна Македонија и Германија беа блиски пријатели и партнери од самиот почеток. Германија останува цврст поддржувач на зачленувањето на вашата земја во ЕУ“, оцени Хајко Мас, министер за надворешни работи на Германија.
Но, токму ЕУ процесот за кој зборува шефот на германската дипломатија повеќе од една година е блокиран поради бугарското противење кое, очекувано, не се најде во видео честитката на бугарскиот министер за надворешни работи. Шефот на македонската дипломатија не мисли дека оваа година била целосно неуспешна.
„2021 е многу важна зашто го добивме претседателството со ОБСЕ. За жал, се уште не ја операционализиравме политичката одлука за почеток на преговори поради Бугарија, но и покрај тоа ние покажавме конструктивност.
Можам да кажам дека како што успеавме со НАТО ќе успееме и со ЕУ. Прашањето не е дали, туку кога.Османи, министер за надворешни работи
„26 земји членки сметаат дека ние сме конструктивни и се однесуваме достоинствено. Не охрабруваат да продолжиме по тој пат и активно да работиме да изнајдеме решение независно од дневно политичката агенда. Можам да кажам дека како што успеавме со НАТО ќе успееме и со ЕУ. Прашањето не е дали, туку кога.“, изјави Бујар Османи, министер за надворешни работи на Северна Македонија.
30 годишнината од независноста македонската дипломатија, покрај предизвикот со Бугарија, ја дочекува и со голем скандал поврзан со притворањето на дипломат во Србија, инаку акредитиран во ОБСЕ во Виена, поради издадена меѓународна потерница поради помагање бегство на лице од Ерменија.
Facebook Forum