Линкови за пристапност

Светски ден против детската експлоатација


Изминатите 20 години, Меѓународната организација за труд објави дека има намалување на детската експлоатација за 94 милиони.

Заеднички извештај на меѓународната организација за труд и Фондот за деца при ОН предупреди дека милиони деца веројатно ќе бидат присилени на детска експлоатација поради економската криза како последица на Ковид-19.

Двете агенции го лансираа извештајот “COVID-19 and Child Labor: A Time of Crisis”, при одбележувањето на 12-ти јуни, – Светскиот ден против експлоатација на децата.

Принудна работа на дете во Мјанмар
Принудна работа на дете во Мјанмар

Авторите на извештајот предупредуваат дека глобалната епидемија најверојатно ќе го уназади деценискиот напредок за намалување на бројката на искористување на децата.

Изминатите 20 години, Меѓународната организација за труд објави дека има намалување на детската експлоатација за 94 милиони.

Последните бројки укажуваат дека глобално има 152 милиони деца коишто се изложени на тешки физички и ментални услови. Тука вклучува земјоделство, рударство, градежништво, производство.

Извештајот предупредува дека милиони деца може да бидат принудени во најлоша форма на детско експлоатирање во време кога Ковид-19 се одразува врз економијата и многу семејства немаат поддршка и се оставени сами на себе.

Африка има најголем број на случаи на детска експлоатација. Од 72 милиони, 31,5 работат во екстремно лоши услови. Најмногу се ангажирани во земјоделството.

Меѓу препораките во заедничкиот извештај се наведуваа дека е потребно координирање на содржајна социјална заштита и полесен пристап до кредити за најсиромашните, за да не се зголеми бројката на децата вовлечени во принудна работа.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG