Линкови за пристапност

11 Октомври - светилник за идните генерации


Македонија го одбележува 11 Октомври - Денот на народното востание
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:44 0:00

Македонија го празнува денот на Народното востание - пред 76 години во Прилеп и Куманово почна организираниот отпор против фашистичкиот окупатор

Пораките на владата и на шефот на државата се дека должност на сегашните и идните генрации е да се зачува скапо платената слобода и државност на Република Македонија извојувана во годините на Втората Светска војна.

„Нашата генерација го исполни својот долг кон татковината, ја ослободи од вечното ропство, очекуваме 11 Октомври да биде светилник по кој ќе се ориентираат генерациите што ќе доаѓаат“, изјави Никола Стојановски, од Сојузот на борците.

Овој аманет од оние што во 1941-та решија да застанат против окупацијата доаѓа во специфичен момент за Македонија – дебатите за предавници и патриоти се уште резонираат во предизборните митинзи, се уште се дискутира дали зачленувањето во НАТО и ЕУ преку решено прашање за името значат национално предавство, се уште дел од граѓаните стравуваат дека зад приближувањето со соседите се крие друга позадина.

За влада, која четири месеци ја води државата, 11-ти октомври е завет за идните генерации - слободата никогаш да не ја изгубат.

„Сега е време по сите искушенија да направиме од нашата држава дом за сите, сите наши деца да ја видат како своја сопствена дестинација, должни сме да им дадеме причини да си го видат сопственото место во РМ“, изјави премиерот Зоран Заев.

Слично како и повикот на Заев за обединетост пратен пред споменикот на ослободителите на Скопје во присуство и на борците од 1941-ва, и на меѓународната заедница, и шефот на државата Иванов побара „да се вложува во довербата и во почитта што го држат општество сплотено“. „Да продолжиме да градиме демократска, просперитетна и европска Македонија. И притоа, постојано да ги имаме на ум, вредностите кои нè движат и како луѓе и како општество, а тоа се слободата, правдата и човечноста“ – стои во соопштението на Ѓорѓе Иванов.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG