Линкови за пристапност

Обилни поплави во делови од САД

Жителите од средниот запад со помош на песочни вреќи и мобилни насипи се обидуваат да ги спасат домовите и бизнисите

Најмалку 20 лица го загубија животот, а илјадници домови и бизниси се поплавени во сојузниците држави Мисури и Илиноис, откако регионот го зафатија обилни врнежи што донесоа 30 сантиметри дожд.

Гувернерката на Мисури Џеј Никсон објави вонредна состојба и нареди распоредување на резервниот состав на Националната гарда да помогне во евакуирање од најпогодените области.

Никсон во средата зборуваше со претседателот Обама, кој вети федерална помош за спасувачките и напорите за чистење по поплавите.

Сепак, не се очекува надојдената вода да се повлече следните денови во некои области и постои загриженост дека наскоро може да се претвори во мраз, со оглед дека се има најави од метеоролозите за пад на температурите под нулата.

This item is part of
XS
SM
MD
LG