Линкови за пристапност

Светски ден против пушењето


Секоја година, седум милиони жртви од болести поврзани со никотинот

Светската здравствена организација предупреди дека најмалку седум милиони луѓе умираат годишно од причини поврзани со цигарите. Високите трошоци за лекување на заболените негативно се одразуваат и врз националните економиите.

По повод денешниот светски ден против пушењето, глобалната здравствена агенција и програмата на ОН за развој објавија заедничко соопштение за негативното влијание на тутунот врз животната средина.

„Го уништува земјиштето, има големо негативно економско влијание, што засега не е документирано поради недостиг на расположливи информации, зашто засега владите не побарале од тутунската индустрија да презентира свои истражувања“, изјави Винијак Прасад, програмски менаџер на Светската здравствена организација за контрола на влијанието од тутунот.

Извештајот покажа дека тутунскиот отпад содржи над 7000 токсични хемикалии кои се штетни по животната средина, и водат до рак кај човекот.

Освен тоа што води до прерана смрт, СЗО пренесе дека милиони луѓе кои пушат цигари страдаат од разни болести поврзани со цигарите, како губење на видот, ампутација, импотентност или стоматолошки проблеми.

И покрај ефективните мерки за контрола на пушењето, и натаму милиони луѓе умираат како последица од долгорочното пушење и недоволно спроведување на политиките за зголемена контрола врз тутунската индустрија.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG