Линкови за пристапност

Вашингтонскиот споменик повторно отворен


По 33-месечното реновирање поради штетата претрпена во земјотрес, посетителите повторно можат да се искачат до врвот.

Еден од најпрепознатливите обележја на главниот град во САД, Споменикот на Вашингтон, денеска повторно ќе биде отворен за јавноста по тригодишно реновирање по штетата од редок земјотрес што го погоди ова подрачје.

130-годишниот споменик во чест на Џорџ Вашингтон, првиот американски претседател, беше затворен 33 месеци за инженерите да направат анализа и реставрација на 169-метарскиот обелиск, што некогаш беше највисока градба во светот.

Посетитите повторно ќе имаат можност да го користат лифтот до врвот и да ја видат прекрасната глетка од највисоката точка во Вашингтон.
XS
SM
MD
LG