Линкови за пристапност

Вселенски сили на САД – идеја или реалност?


Се` уште не е доставен извештајот до Конгресот

Извештајот на Пентагон како да се конструираат вселенски делови, вклучувајќи и потенцијално создавање Вселенски сили, нема да бидат поднесени во Конгресот за време на денешниот рок.

„Се наоѓаме во финалните фази од доставување на извештајот до Конгресот“, изјави портпаролот на Пентагон, армискиот командант Џејми Дејвис. Ќе го објавиме извештајот по комплетирање на координацијата“.

Претседателот Трамп неколкупати повика на Вселенски сили, нова гранка во армиски сили на САД. Но, законодавците во Поткомитетот за стратегиски сили во Претставничкиот дом не изразија интерес за креирање нова армиска гранка, туку ја поддржуваат идејата за вселенски сили кои ќе бидат дел од воздухопловните сили.

Извештајот е по барање на секретарот за одбрана Џим Матис, кој испрати писмо до конгресните лидери кои се противеа на создавање нова армиска единица. Во писмото од минатиот октомври, Матис рече дека не гледа потреба од организациска структура во време кога фокусот е на намалување на прекумерната гломазност на армиските капацитети.

Рокот за Пентагон да ја разгледа идејата за формирање вселенски сили е денес, но официјален претставник за Гласот на Америка потврдил дека „тоа ќе биде за неколку дена“.

Претходно за време на политички митинг во Тампа, Флорида, претседателот рече дека ќе му наложи на Пентагон да креира „шеста гранка во армиски сили – Вселенска единица“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG