Линкови за пристапност

Неопходна поголема соработка меѓу централната власт и идните градоначалници


Експерти: Неопходна е поголема соработка меѓу централната власт и идните градоначаници
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:30 0:00

Македонија се` уште се смета за високо централизирана држава, и неопходна е децентрализација

Идните градоначалници мора да имаат подобра соработка со централната власт во интерес на граѓаните и нивните потреби, коментираат експерти за Гласот на Америка.

Македонија се` уште се смета за високо централизирана држава, па така, реализаицјата на процесот на децентрализација е неопходен за работата на општините да биде пофункционална.

Поранешниот претседател на заедниците на единици на локална самоуправа - ЗЕЛС, Андреј Петров, вели дека Македонија имала лошо искуство во минатото по ова прашање, кога некои општини неправедно биле занемарувани особено оние кои биле раководени од кадри на опозицијата.

Тој смета дека идните градски татковци ќе се соочат со сериозни предизвици во своето работење.

„Предизвик ќе биде прво да се стави ред во неконтролираното градење. Не може парковите да се претвораат преку ноќ во градежни објекти и згради.Тоа се работи кои мора веднаш со самото со доаѓање на новата власт да се пресечат. Потоа, консолидидирање на обврските кои ги имаат општините бидејќи имаат доста долгови“, изјави Петров.

Со слично мислење е и аналитичарот Владо Димовски.

„Голем дел на општини се со блокирани сметки, голем дел од општините немаат финансиски средства. Најголемите предизвици ќе бидат да ги средат работите во општините, а потоа да го исполнат она што им го ветуваа на граѓаните во оваа кампања“, коментира Димовски.

Велат, неопходно е да дојде до целосна реализација на процесот на децентрализација, кој стартуваше во 2005-та. Но, од тогаш до денес, пренесени се само дел од надлежностите од централно на локално ниво, како во делот на образованието и урбанизмот.

„Треба да се размислува да се пренесат надлежности во оние сектори во државата, кои се малку проблематични како што е здравството или како да се пренесат надлежности кои се поблиски до граѓаните во делот на развивање на локалната економија“, изјави Петров.

„Доаѓаат подобри времиња каде врзувајки ги сите законски решенија со европското законодавство, ќе мора да се спроведе тој процес до крај на децентрализација и општините ќе треба да застанат на свои нозе“, коментира Димовски.

Но, во минатото имаше случаи кога на некои општини им беа одземани одредени надлежности. На пример, со носењето на Законот за заштита на старото градско јадро на Охрид, државата во 2011-та и ги одзеде целосните ингеренции на општината самостојно да одлучува во делот на планирање и издавање на дозволи за градба за овој дел на Охрид, но и на контакната зона околу и над Охридското Езеро со вклучување на мислења и на други државни институции.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG