Лошото време го приземји швајцарскиот авион на сончева енергија на најтешкиот дел од неговото патување околу светот.
Солар Импулс 2 ќе слета во јапонскиот град Нагоја, одложувајќи го обидот да го прелета Тихиот Океан.
Авионот го дизајнирале двајца швајцарски научници Пикард и Андре Боршберг. Ним им беа потребни 12 години да го изградат леталото.
Транс-пацифичката маршрута е шестиот дел од патувањето околу светот, долго 35.000 километри.
Распонот на крилата на едноседот е 72 метри, што е поголем од оние на Боинг 747. Тежи колку автомобил. На крилјата има 17.000 соларни ќелии кои акомулираат сончева енергија и ја складираат во акумулаторите со литиум, што му овозможува да лета ноќе.