Линкови за пристапност

Универзитетот на Вирџинија – шампиони во колеџ кошарката во САД


Со 85-77 во „дополнителните 5 минути“ ги поразија Тексас Тек.

Универзитетот на Вирџинија е победник во финалето на националното натпреварување меѓу колеџите во САД. Со 85-77 во „дополнителните 5 минути“ ги поразија Тексас Тек.

Синоќешната победа во распродадената сала во Минесота е голем дострел за тимот од Вирџинија, затоа што лани на најпопуларното натпреварување во САД, секоја година во текот на март, познато како мартовска треска или „March Maddnes“, беа елиминирани уште во првата рунда.

И за Универзитетот Тексас Тек ова беше прво финале во натпреварувањето.

Ова беше првпат во последните 40 години во финалето да играат екипи кои никогаш претходно не ја освоиле титулата во ова натпреварување.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG