Линкови за пристапност

НАТО: 2% задолжително од сите членки за заедничката одбрана


НАТО: 2% задолжително од сите членки за заедничката безбедност
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:11 0:00

НАТО: 2% задолжително од сите членки за заедничката безбедност

САД немаат намера да преземат дополнителни финансиски обврски спрема Алијансата – порака од Пенс и Матис до Брисел

Во временски интервал од неколку дена - американскиот потпретседател Мајк Пенс, претходно и секретарот за одбрана Џејмс Матис изразија силна поддршка за НАТО, но подвлекоа дека на многу од европските држави „се`уште им недостига јасен и кредибилен патоказ“ кон зголемување на средствата за одбрана. Пенс констатираше дека само САД и уште четири други држави, меѓу 28-те членки на Алијансата, ја исполнуваат обврската да издвојат два процента од нивните буџети за заедничката одбрана.

Џозеф Коринционе од глобалната безбедносна фондација „Плогшеарс“, коментира:

„Тие сакаат Европа да ги зголеми трошоците за заедничката одбрана. Тоа Европа нема да го стори. Не верувам дека заложбата на САД кон НАТО ќе се намали. Но, за новите аспиранти ќе значи дека САД нема да се согласат за проширување затоа што во моментов имаат претседател кој, навидум, многу не ја цени вредноста на Алијансата“, додава Коринционе.

Поранешниот заменик-државен секретар за контрола на вооружување и верификација Френк Роуз потсетува дека барањата за зголемување на средствата во одбраната од членките на НАТО не се новина.

„Изјавите од администрацијата на Трамп не се разликуваат од оние на владите на Обама или на Буш. Важно е сите во Алијансата да ги исполнат обврските. Сите треба подеднакво и фер да придонесуваат за финансирање на НАТО“, заклучи Роуз.

По посетите на виши американски официјални лица во седиштето на НАТО, станува појасно дека улогата на САД во Алијансата ќе се промени, но не станува збор за драстични промени. Ова е директорот на програмата за одбрана од проектили при Центарот за стратешко и меѓународно истражување Том Карако.

„Поглавјето 5 во НАТО е света работа и нема да биде погазено. Но мислам дека секретарот Матис на разговорите со колегите од НАТО изложи валиден аргумент дека нивните граѓани може да станат жртви од систематско кратење на инвестирањето во одбраната од сојузниците на НАТО.“, предупреди Карако.

Петорката од 28 членки во НАТО која веќе троши два отсто за одбрана ја сочинуваат Грција, Полска, Естонија, Британија и САД.

XS
SM
MD
LG