Линкови за пристапност

Почина Стeн Ли, легендата на марвелот


Неговото име стои зад иконски ликови како Спајдермен, Икс-Мен, Халк, Тор, Црниот Пантер

Љубителите на стрипот се простија од Стeн Ли, „главниот мозок“ зад најголемите супер-херои на денешницата.

Ли почина синоќа на 95 годишна возраст.

Неговото име стои зад иконски ликови како Спајдермен, Икс-Мен, Халк, Тор, Црниот Пантер.

Неколку филмови се базирани врз ликовите од Ли, полнејќи ги кино-салите.

Ли објави и неколку книги, вклучувајќи ги и The Superhero Women во 1977 и How to Draw Comics the Marvel Way, една година подоцна.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG