Линкови за пристапност

Протести за 10-та годишнина од отварањето на Гвантанамо


Протести за 10-та годишнина од отварањето на Гвантанамо
Протести за 10-та годишнина од отварањето на Гвантанамо

Долго на листа на претседателот за затворање, објектот продолжува да функционира.

Стотици демонстранти на студено и дождливо време на авенијата Пенсилванија во Вашингтон бараа акција.

Групата ја предводеа лица со црни капи преку лицето и портокалови палта, претставувајќи ги 171-от притвореник кои се` уште се наоѓаат во притворниот центар на заливот Гвантанамо во Куба.

Том Паркер работи за Амнести интернешнал.

„Гвантанамо постои 10 години, што е предолго. Се држи отворен поради внатрешната политика. Нема никаква вистински корисна цел. Претставува дамка на американското реноме“, вели овој експерт.

Од околу 780-те затвореници кои биле донесени во Гвантанамо изминатава деценија, околу 600 се ослободени.

Противниците за негово постоење велат дека поголемиот дел од притворениците кои се` уште се таму, не претставуваат закана по националаната безбедност на САД.

Пред 10 години, само неколку месеци по нападите од 11-ти септември 2001-ва, во Гвантанамо бил доведен првиот затвореник.

Приказите од затвореници во портокалова облека, фатени во војната против тероризмот, беа причина групите за заштита на човековите права да побараат преиспитување на техниките за испрашување што се употребуваат во центарот.

Одредени аналитичари, подржувачи на концептот за притворениците велат дека се „хибридни воини“, и дека притворањето на непријатели во воено време е дел од пошироките напори да се добие конфликтот.

Кули Стимсон, аналитичар од Фондацијата Херитиџ, вели:

„Притворате луѓе, не за да ги казните. Приведувате според законот за воени конфликти, за да ги спречите да не поземат оружје против вас“.

Претседателот Барак Обама вети дека ќе го затвори Гвантанамо, но Конгресот ги блокираше напорите да ги префрли затворениците на други локации.

Во меѓувреме, 10 години по притворањето на првиот затвореник во Гвантанамо, протестите продолжуваат и нема изгледи дека центарот ќе биде затворен наскоро.

XS
SM
MD
LG