Линкови за пристапност

Избори во услови на пандемија: Ќе се намали ли бројот на гласачи поради вирусот?


Стартува изборната кампања - дали вирусот ќе ги поколеба граѓаните да излезат на гласање?
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:38 0:00

Стартува изборната кампања - дали вирусот ќе ги поколеба граѓаните да излезат на гласање?

Според аналитичари и познавачи на состојбите, можна е помала излезност на изборите на 15 јули, но политичките партии можат да се надеваат на гласовите од т.н. јадра од нивни поддржувачи

Под строги здравствени мерки, носење заштитни маски, социјална дистанца ќе биде многу тешко да се организираат избори велат аналитичари за Гласот на Америка.

Предвремените парламентарни избори закажани за 15 јули ќе се одржат во услови на пандемија од коронавирусот. За Сефер Селими и Петар Арсовски ова ќе биде голем тест за државата, со оглед на тоа дека ќе биде потребно доста работа да се запазат сите протоколи.


„Ова ќе биде дополнителен предизвик не само за државата и изборната комисија за организација, туку и за самите граѓани на денот на гласање. Мислам дека и политичките партии и другите чинители активно треба да се вклучат најпрво да обезбедат безбеден процес на гласање, но и да ги поттикнуваат граѓаните да излезат на гласање“, вели Сефер Селими, извршен директор на „Демокраси лаб“.

Аналитичарот Петар Арсовски, пак, укажува дека поради сложеноста на процедурите, организацијата на изборите треба да биде фокусирана кон здравјето на граѓаните.

„Во вакви услови на пандемија ќе биде доста комплицирано да се одржат парламентарните избори, затоа што треба да се воведат строги протоколи. Но е многу важно процесот на гласање да се направи безбеден за граѓаните, односно да не се случи нов супер „спредер“. Доколку надлежните институции успеат тоа да го спроведат и да ги убедат луѓето дека тоа е навистина така, мислам дека може да се спроведе безбеден изборен ден“, вели Арсовски.

Најголемиот дел од излезените гласачи во Македонија се содржат од т.н јадрени поддржувачи на партиите, кои ќе излезат и ќе гласаат за својот избор и за својата партија
Петар Арсовски, аналитичар


Селими очекува излезноста овој пат да биде помала, поради страв од пандемијата. Арсовски, пак дека ќе има мало намалување но оти тоа нема да го загрози легитимитетот на изборите.

„Имајте во предвид дека на минатите избори во Македонија гласаа,1 милион и 100.000 луѓе, така што јас овој пат очекувам некаде помеѓу 850.000 и 900.000 излезени гласачи. Причината што намалувањето не е толку големо е што сепак најголемиот дел од излезените гласачи во Македонија се содржат од т.н јадрени поддржувачи на партиите, кои ќе излезат и ќе гласаат за својот избор и за својата партија“, додава Арсовски.

Селими укажува дека излезноста ќе зависи и од трудот на партиите.

На денот на изборите на 15- ти, наместо од 19 часот, избирачките места ќе бидат отворени до 21 часот


„Најавите се такви, а и така е самото расположение кај граѓаните, но се надевам дека сите важни чинители во општеството ќе се вклучат прво да ги повикуваат граѓаните да излезат на гласање, но и да држат притисок до политичките партии, тоа да се направи на безбеден начин. Јас се надевам дека ќе има доволно протоколи, кои ќе ги прават граѓаните да се чувствуваат сигурни на денот на гласањето“, вели Селими.

Според Уредбата со законска сила што ја донесе Владата, на 13 јули ќе гласаат лицата кои се во домашен карантин, кои се позитивни на КОВИД-19, но и оние кои се во самоизолација. Следниот ден на 14 - ти јули ќе гласаат хронично болните и изнемоштените, додека на денот на изборите на 15- ти, наместо од 19 часот, избирачките места ќе бидат отворени до 21 часот.

XS
SM
MD
LG