Европа и САД ја одбележуваат 70 годишнината од како што е познато Победатата во Европа или Денот на Европа во 1945-та, кога нацистичките сили го положија оружјето со што беше означен крај на Втората светска војна на континентот.
Во неделното обраќање, посветено на настанот, американскиот претседател Барак Обама им оддаде почит на оние коишто служеле во војната и ги нарече, „генерација која буквално го спасила светот“.
Обама ги повика Американците денес повторно да се посветат на „слободата за која војувале“:
„Да останеме обединети со нашите сојузници, во Европа и пошироко, во името на заедничките вредности за слобода, безбедност, демократија, човекови права, владеењето на правото во светот против сите форми на зла. Да не заборавиме: Никогаш повеќе“, рече првиот човек на САД.
Францускиот претседател Франсоа Оланд повика на заедништво и го опиша Денот на Европа како „победа на идеалите врз тоталитарната иделологија“.
Во Британија, се одржаа бројни церемонии по повод годишнината и бројни концерти и улични забави за ре-креирање на духот на прославата пред 70 години.
Во САД, над Вашингтон летаа авиони од Втората светска војна во чест на ветераните за денешниот ден.
Русија во сабота ќе го одбележи крајот на Втората светска војна со голема парада на московскиот Црвен плоштад, на кој ќе присуствуваат меѓународни државници.