Линкови за пристапност

Нов гел нуди надеж во заштитата од ХИВ-инфекција


Нов гел нуди надеж во заштитата од ХИВ-инфекција
Нов гел нуди надеж во заштитата од ХИВ-инфекција

Курајша за Гласот на Америка изјави: „Жените што употребуваа гел имаа 39 проценти заштита против инфекција за разлика од оние што земаа пласибо“

Јужноафрикански научници направија исчекор во борбата против СИДА-та со вагинален гел што го намалува ризикот за инфицирање со вирусот ХИВ. Експертите наведуваат дека ова би можело да ја револуционизира заштитата на жените.

Уште од почетокот на епидемијата на СИДА пред 30 години, истражувачите се обидуваат да произведат вагинален микробицид за заштита од вирусот ХИВ.
Научниците Салим и Курајша Абдул Карим деновиве објавија дека гелот што го направиле дал големи ветувачки резултати при клиничкото испитување на 900-тини жени.

Курајша за Гласот на Америка изјави: „Жените што употребуваа гел имаа 39 проценти заштита против инфекција за разлика од оние што земаа пласибо“.

Новиот гел содржи тенофовир, антивирусно лекарство што спречува растеж на ХИВ во клетките. Карим смета дека истражувањето е потврда дека гелот може да даде добри резултати, но потребни се дополнителни испитувања пред да се најде на пазарот. Предвидувањата се дека тоа може да се случи за две до три години.

Директорот на Агенцијата на ОН за борба против СИДА-та Мајкл Сидибе е оптимист: „Во 30-годишната борба против СИДА-та, ова е по првпат да можеме да зборуваме за револуција во превенцијата“.

Од над 33 милиони луѓе во светот заразени со ХИВ – половината се жени. Во Африка, на жените и девојчињата отпаѓаат 60 проценти од новите инфекции.

Гелот се применува до 12 часови пред сексуален однос, и уште еднаш, што е можно поскоро по односот, но не подоцна од 12 часови. Сидибе смета дека едноставната употреба ќе биде клучна за прифаќањето и ефикасноста на гелот.

XS
SM
MD
LG