Линкови за пристапност

За Димитров „случајот Груевски“ ги обединува термините иронија и парадокс


Димитров: „Случајот Груевски“ ги обединува термините иронија и парадокс
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:26 0:00

Македонската дипломатија повторува дека очекува почитување на клучниот принцип на владеење на правото од секоја земја-членка на Унијата, вклучувајќи ја и Унгарија

Македонија, барем засега, се воздржува од јасни одговори за тоа дали и какви дипломатски мерки ќе бидат преземени кон Унгарија откако властите во Будимпешта решија да му одобрат политички азил на бегалецот Никола Груевски. Она што официјално Скопје го очекува од Будимпешта е да ја отповика одлуката.

„Постапката за екстрадиција е почната, пратени се документите до Унгарија. Тврдењата на Груевски се целосно лажни. Очекуваме дека одлуката за азил ќе биде отповикана и дека Груевски ќе биде екстрадиран“, изјави портпаролот на владата Миле Бошњаковски.

Дополнително, македонската дипломатија повторува дека очекува почитување на клучниот прнцип на владеење на правото од секој земја-членка на Унијата вклучувајќи ја и Унгарија. Од друга страна, земјава мора да ја земе во предвид потребата од поддршка од Будимпешта во евроинтегартивниот процес. За министерот Димитров, случајот „Груевски“ ги обединува и термините иронија и парадокс.

„Ова е проблем и за Македонија и за ЕУ и за принципот на владеење на правото. Имаме сега сложен проблем и ќе ги земеме во предвид сите наши интереси и со интересите за добри односи со Унгарија. Со унгарскиот министер Сијарто ќесе сретнам на на НАТО министерскиот состанок во Брисел, на кој отворено ќе разговараме за овие работи. Ќе мораме да продолжиме да инстираме дека за никого за нас, за Унгарија, дека не е добро кога има неселективна правда“, коментира шефот на дипломатијата Никола Димитров:

Дел од европските министри, кои деновива ја интензивираа комуникацијата со Скопје, се воздржуваат од одговор за целата ситуација, иако не кријат дека очекуваат одговори од Унгарија.

„В петок ќе се сретнам со унгарскиот министер и до тогаш нема за што да коментирам“, потврди министерот за надворешни работи на Данска Андрес Самуелсон.

И Унијата, која во континуитет има проблеми во убедувањето на Унгарија под Виктор Орбан - дека мора да ги почитува воспоставените европски правила, се вклучи во случајот со пребеганиот поранешен премиер. „Очекувам здрави и образложени објаснувања од Виктор Орбан за одлуката за азил за Груевски“ – напиша еврокомесарот Хан на Твитер.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG