Линкови за пристапност

Силна експлозија среде ноќ го обои небото над Њујорк


Силна експлозија на трансформатор вчеравечер ги вознемири дел од жителите на Њујорк. Експлозијата се случила во електрична инсталација, а небото над градот било обоено во силна сина светлина.

Поради хаваријата дошло до проблеми во напојувањето со електрична енергија, имало одложување авионски летови, како и застои во њујоршкото метро.

Како што објаснуваат припадниците на противпожарната служба, со детонацијата се појавила и голема светлина.

На социјалните мрежи, пак, се појавија коментари во кои дел од жителите велат дека помислиле оти се работи за напад од вонземјани.

Набргу после експлозијата се огласија од локалната компанија за електрично напојување, „Кон Едисон“. Преку објава на Твитер од таму објаснија дека дошло до пожар во нивна потстаница кај Квинс, при што биле зафатени неколку трансформатори.

Поради експлозијата дошло до кратко затемнување на аеродромот „Ла Гвардија“, при што биле откажани дел од летовите.

Експлозија во Њујорк, небото стана сино среде ноќ
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:58 0:00

Причините за пожарот и експлозијата се истражуваат.

XS
SM
MD
LG