Финализирањето на НАТО-процесот, претстојните избори, корона-вирусот – ова се теми што се меѓу најзастапените за дезинформирање на граѓаните. Американската амбасада утврдила неколку програми, пораки и интеракции, како потенцијално опасни за еродирање на јавното мислење во Македонија.
„Вистината не е релативна, фактите не се подложни на преговарање. Може да дебатираме за мислења и притоа треба секогаш да има што е можно поотворен и потранспарентен јавен дискурс. Но, не смее да има простор за целосно измислени теории на заговор и целосни лаги. Безбедноста на јавноста може да биде загрозена и животи ставени во ризик“, вели амбасадорката на САД во С.Македонија, Кејт Брнс.
Шефот на државата Стево Пендаровски повика на системско и организирано справување со дезинформациите во земјата.
„За да биде ефикасна борбата против лажните вести и дезинформациите потребни се здружени напори, ефективна соработка на државните институции со граѓанскиот сектор, со медиумите, со образованието“, рече Пендаровски.
„Размислете пред нешто да кликнете и проверете пред нешто да споделите на социјалните мрежи“, беше порачано на денешната конференција за штетното влијание на дезинформациите.