Линкови за пристапност

Корона-криза во македонското стопанство: Без работа останале 15.000 луѓе


Вкупната бројка, вклучувајќи ја и сивата економија и работниците на црно е многу поголема. Меѓутоа не е регистрирана, вели Миле Бошков, претседател на бизнис конфедерацијата на Македонија

Коронавирусот силно удри врз македонската економија, оставајќи без работа досега околу 15.000 граѓани, а дел од компаниите морале дури да стават и клуч на врата. Ова за Гласот на Америка го вели Миле Бошков, претседател на Бизнис конфедерацијата на Македонија.

„Вкупната бројка, вклучувајќи ја и сивата економија и работниците на црно е многу поголема. Меѓутоа не е регистрирана. Има еден друг по вџашувачки податок. Според анализите кои се направени, изгубени се работни часови за околу 85.000 вработувања или работни места во овие три месеци. И тоа е многу голема бројка“, вели Бошков.

Според анализите кои се направени, изгубени се работни часови за околу 85.000 вработувања или работни места во овие три месеци. И тоа е многу голема бројка
Миле Бошков, Претседател на Бизнис конфедерација на Македонија


Од Сојузот на стопански комори на Македонија, велат дека околу 99% од компаниите во земјава се соочуваат со намален капацитет на работа помеѓу 80% и 100%, што директно се одразило на нивната ликвидност.

„Веќе се соочуваат со големи проблеми, да немаат средства за да можат да ги покријат своите месечни трошоци, а тоа секако влијае и на она што е најкритично во овој момент, а тоа е редовната исплата на платите“, вели Данела Арсовска, претседателка на Сојузот на стопански комори на Македонија.

Според Бошков државата нема да може уште долго да го помага приватниот сектор ако не се преземат други чекори, на пример привремено намалување на платите на јавната администрација.

„На некоја си бројка од 130.000 -150.000 јавна администрација доколку се исплати 70%, особено дека преку синдикатите се договориле, и законот за работни односи преку консензус ја има оваа одредба. Можеби сега е шансата тоа да го направат за да може ја одржат помошта во јуни, јули и август“, вели Бошков.

На долг рок тоа значи дека ќе имаме стагнација, ќе има застој и не е добро ниту за инвестициите, ниту, пак, за работните места
Данела Арсовска, Претседателка на Сојузот на стопанските комори на Македонија


Арсовска, пак, додава дека е неопходно продолжување на мерките и во наредните два месеца. Според нивните анализи, многу лесно економската криза може да се прелее и во 2021 година.

„Навистина ќе имаме тешкотии се’ до формирањето на следната влада да се преброди ова имајќи функционални институции. На долг рок тоа значи дека ќе имаме стагнација, ќе има застој и не е добро ниту за инвестициите, ниту пак за работните места“, истакнува Арсовска.

„Ќе им порачаме на политичките партии да почнат да се советуваат со засегнатите страни и на локално и на национално ниво и да не ги креираат политиките од канцеларија туку од терен“, додава Бошков.

Во овој момент од кризата се погодени сите сектори, но Арсовска вели дека најмногу тоа се градежништвото, туризмот, угостителството.

Корона-криза во македонското стопанство: Повеќе од 15.000 луѓе останале без работа
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:27 0:00

XS
SM
MD
LG