Линкови за пристапност

Нова писта, патишта, магацини: Армискиот полигон „Криволак“ се подготвува за вежбата „Одлучен удар 21“


Теренот го уредуваат инженериски баталјони на армијата на Северна Македонија и на САД. Голем дел од работите за потребите на вежбата, која треба да се одржи од 17 мај до 2 јуни, се пред финализирање

Писта за беспилотни летала, магацини за складирање мети, неподвижни подвижни цели за гаѓање со оклопни возила, и десетици километри нов пат се новитетите во армискиот полигон „Криволак“ каде забрзано се изведуваат подготовките за најголемата вежба на НАТО во Северна Македонија, „Одлучен удар“.


Теренот го уредуваат инженериски баталјони на армијата на Северна Македонија и на САД. Голем дел од работите за потребите на вежбата, која треба да се одржи од 17 мај до 2 јуни, со учество на околу 2.000 лица, се пред финализација.

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска и амбасадорката на САД, Кејт Брнз денеска беа во посета на полигонот за да направат проверка за текот на подготовките за собирот на силите на НАТО.


„Од Криволак создаваме полигон кој нема да биде само македонска и регионална вредност, туку ќе биде вредност и шанса за Алијансата. Сето тоа немаше да биде возможно без нашите планови, без нашата армија, а секако и без поддршката од нашите сојузници“, рече министерката Шекеринска.

Таа додаде дека полигонот може да биде ресурс што ќе го помогне и локалниот развој.

Целта ни е овој ресурс да биде ресурс со којшто нашето членство во НАТО ќе покаже видливи резултати за сите сојузници
Радмила Шекеринска, Министерка за одбрана


„Целта ни е овој ресурс да биде ресурс со којшто нашето членство во НАТО ќе покаже видливи резултати за сите сојузници и ќе донесе шанса и за локалната економија и за засилување на нашиот имиџ како најнов член на Алијансата“, рече министерката за одбрана.

Амбасадорката Брнз, пак, искажа импресионираност од постигнатиот напредок во уредувањето на Криволак за потребите на претстојната вежба.

„Благодарна сум на заложбите да се развие овој полигон за армијата на Република Северна Македонија и за НАТО. Ми беше многу мило што имав можност да слушнам од нашите инжинерци од САД многу пофални зборови за нивните колеги од Армијата на Република Северна Македонија. Се надевам дека овој проект ќе продолжи да се развива и понатаму“, рече амбасадорката на САД.


На вежбата „Одлучен удар“ ќе учествуваат армиите на САД, Грција, Бугарија, како и Армијата на Северна Македонија. Подготовките на теренот треба да завршат до 12 мај, по што ќе следи пристигнувањето на армиите до 17 мај, кога е закажан и почетокот на вежбовните активности.

Криволак се подготвува за масовната НАТО вежба „Одлучен удар 21“
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:58 0:00


Специјално за вежбата се подготвува и модуларна ковид-болница, со капацитет од повеќе стотини легла. Во подготовките на теренот се вклучени 142 лица, при што се користи и машинерија што ја обезбеди армијата на САД.

Покрај патеката за полетување и слетување беспилотни летала, забележлив новитет е и патот-обиколница околу полигонот, во должина од 62 километри.

XS
SM
MD
LG