Линкови за пристапност

Празни улици и плоштади, казнети „шетачи“: Полициски час во С.Македонија


Празни улици, казни за „шетачите“: Северна Македонија под полициски час
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:16 0:00

Празни улици, казни за „шетачите“: Северна Македонија под полициски час

Така ќе биде насекаде во земјата се додека трае мерката за спречување на ширењето на коронавирусот, кој веќе зеде жртви, а повеќе од 130 се заразија. МВР информира дека генерално мерката се почитувала, но имало и приведени

Празни булевари, празни улици, без луѓе, без возила, вака синоќа по 21 часот изгледаше Скопје.

Така ќе биде насекаде во земјата се додека трае полицискиот час, воведен како мерка за спречување на ширењето на коронавирусот, кој веќе зеде жртви, а повеќе од 130 се заразија. МВР информира дека генерално мерката се почитувала.

„Осумнаесет лица се уапсени и против нив ќе бидат поднесени кривични пријави бидејќи не го почитувале полицискиот час“, соопшти министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев.

„Првпат во историјата имаме ограничување на движењето на целата територија на државата. Ништо не е исто, вонредна сосотојба е и граѓаните треба да знаат дека треба сите да се однесуваме многу одговорно“, рече техничкиот премиер Оливер Спасовски.

Паралелно со дневните мерки за спречување на ширењето на вирусот, владата бара начини за стабилизирање и помош на економијата која веќе трпи сериозни штети.

„Очекуваме удар во сите сектори, но затоа преземаме мерки за да ги ублжаиме сите шокови што ќе следат во наредниот период. Го нормализираме работењето на транспортните компании“, истакна министерот за транспорт, Горан Сугаревски.

Опозицијата критикува – вели дека се доцни со мерките. Според лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, станува збор за крах на системот.

„Голем дел од мерките се задоцнети, недоволни, и нема да бидат она нешто што му треба на стопанството. Три години не убедуваа дека блескаме, три години не убедуваат дека буџетот е во добра кондиција, а касата за која велеа дека е полна не издржа ниту три недели.Се случува крах на системот затоа што е на стаклени нозе, а економските политики доживуваат неуспех“, рече Христијан Мицкоски.

Поради секојдневното зголемување на бројот на заразени, надлежните ги повторуваат апелите до граѓаните да ги почитуваат мерките и да седат дома.

XS
SM
MD
LG