Линкови за пристапност

Власта и опозицијата со меѓусебни обвинувања за недобивањето датум за преговори


ВМРО-ДПМНЕ ја напушти дебатата за недобивањето датум за преговори
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:04 0:00

ВМРО-ДПМНЕ ја напушти дебатата за недобивањето датум за преговори

Откако пратеникот Милошоски обвини дека недобивањето датум е пародија на владата, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија седницата на Комисијата за европски прашања

Со меѓусебни обвинувања власт-опозиција заврши седницата на Комисијата за европски прашања на која се разговараше за недобивањето датум за преговори.

„Се надевам дека на денешната седница двајцата ќе ви објаснат како датумот што го добија лани, успеаја да го загубат“, рече Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ.


Но, пратениците на ВМРО-ДПМНE не останаа да ги слушнат одговорите на вицеперемиерот за евроинтеграции и шефот на дипломатијата кои Милошоски ги посочи. Опозицијата ја напушти седницата на комисијата.

Објаснувањето беше дека не сакаат да учествуваат во, како што ја нарекоа, пародија по неуспехот на владата.

„Ова го зборува ВМРО-ДПМНЕ кое не направи ништо за приближување на државата кон ЕУ и НАТО“, врати министерот за надворешни работи Никола Димитров.

Тој упати и дополнителни критики кон пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.


„Вакви изјави доаѓаат од луѓе кои никогаш подалеку не нѐ однеле, кои нѐ закопаа и тапкаа за да не можеме да излеземе од таа состојба. Ќе ми биде срам да сум на нивно место и да зборувам за ЕУ. Да сум на местото на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ би ми било срам да зборувам за Европската унија, да изговорам ЕУ“, рече Димитров.

Според вицепремиерот Бујар Османи, пак, ниту една земја-членка на ЕУ, вклучувајќи ја и Франција, чија амбасадор присуствуваше на денешната седница, не го негирала напредокот на Македонија.

„Одлуката на Европскиот совет е неправда и историска грешка. Но, патот на Северна Македонија и понатаму е евроатланската перспектива“, рече Османи.

Опозицијата најави дека место за дискусија за неуспехот за евроинтеграциите е комисијата за надворешни работи пред која утре шефот на дипломатијата Димитров ќе реферира за спроведувањето на надворешната политика.

XS
SM
MD
LG